Едноставен за подготовка, а е неверојатно вкусен …
Потребно е:
за тестото:
200 гр путер
15 гр свеж квасец
1 прашок за пециво
1 лажица шеќер
1 јајце
400 гр брашно
100 мл млеко
за филот:
200 гр шеќер
1/2 тегла џем од кајсии (тегла од 700 гр)
300 гр мелени ореви
за глазурата:
200 гр чоколадо за готвење
2-3 лажици масло
Подготовка:
– Квасецот ставете го во млако млеко со шеќер и оставете го 10-тина минути да стаса.
– Во еден подлабок сад ставете ги путерот, јајцето, прашокот за пециво, стасаниот квасец и брашното и замесете мазно тесто.
– Тестото поделете го на 4 дела затоа што ќе имате 4 кори. Корите развлечете ги тенко со димензии 35х30 см.
– Во ненамастена тава ставете ја едната кора и премачкајте ја со џем, посипете со шеќер, па со ореви. Истата постапка повторете ја со сите кори.
– Колачот ставете го да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 40 минути, односно додека не добие убава златно-кафена боја.
– За глазурата, на пареа растопете го чоколадото со маслото и уште врелиот колач прелијте го со глазурата.
– Готовиот колач оставете го да се излади и потоа исечете го на саканите облици.