Талибанците презедоа одговорност за самоубиствениот напад извршен во Кабул врз автомобил на турската Амбасада.
Во СМС испратена до медиуми, талибанците соопштуваат дека целта им била „колона странски автомобили“.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека терорист самоубиец удрил со автомобил бомба во автомобил на турската Амбасада. Еден човек загинал и еден е повреден.
Тоа е прв напад врз турски цели во авганистанскиот главен град. Нападот е извршен во силно обебзедуваниот дипломатски кварт во Кабул.