На социјалните мрежи детектирани се три изјави на премиерот Никола Груевски околу точноста на снимките и сите три се спротивни една со друга.
Веродостојноста на снимките нема да ја коментирам и таа треба да се утврдува низ постапката која следува, кажа Груевски на прес конференцијата одговарајќи на новинарско прашање.
Дел од снимките беа делумно точни, дел половично точни и половично неточни, и дел целосно неточни,кажа на денешната прес конференција Груевски пред да одговара на новинарските прашања.
Дел се точни, дел половично точни и дел неточни, кажа Груевски на 31.01. 2015 година.
Груевски и на двете прес конференции кажа дека ќе има транспарентен судски процес, а денеска без никој да види и слушне, беше објавено дека еден од обвинетите договорно го признал делото и во судска постапка е казнет на три години затвор.