Лидерот на СДСМ објави аудио снимка за која посочи дека е разговор на премиерот никола Груевски со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, при што бара пари од АЕК.
Транскрипт
НГ: Миле?
МЈ: Молам?
НГ: Може ли АЕК да даде бе некои пари дужиме таму за документарци?
МЈ: Зависи колку претседателе, ептен сме кнап со пари, ова што му ги набациле.
НГ: 30 милиони денари.
МЈ: За оваа година?
НГ: За оваа година да. Па може и почеток на наредната, не е битно. Мислам, меѓу сега и јануари да ги исплатиме овие, за сите документарци уште толку ни остана долг.
МЈ: Ај вака. Дајте ми утре време да седнам со Боби, оти тие го правеа буџетот. Или да ви кажам во петок оти ми рече за петок ќе го има буџетот за наредна година?
НГ: Не, ти напрај уште утре, он веќе сигурно има во глава што како и кажи ми.
МЈ: Добро.
НГ: За општествена одговорност еве да пребаци, за, може да крстиме некој документарец којшто е вака најпопуларен, односно најшто одговара, за македонската борба за слобода и независност, е. Тоа ќе се користи за сите документарци ама он за тоа нека го каже.
МЈ: 500 илјади….
НГ: Да не биде сега за Скопје или за нешто друго знаеш. За македонската борба, ај.
МЈ: Важи, ќе проверам и ќе ви кажам.
НГ: За слобода и независност.
МЈ: Важи. НГ: Ај види па кажи ми.