Марко Љубичиќ е нов играч на кошаркарскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром.
Тој доаѓа на местото на сега веќе поранешниот играч на аеродромци Дион Диксон.
– Ова е една од неколкуте промени што ќе се случат во престојниот период во тимот, соопштија од МЗТ.
Љубичиќ во Скопје доаѓа од екипата на Металац, додека лани настапуваше за шпанскиот прволигаш Манреса.