Револтираните граѓани од пред Фондот за здравствено осигурување маршираа до Министерството за здравство да му порачаат на министерот Никола Тодоров да си поднесе оставка. Тие извикуваа „убијци, убијци“, „Ќе одговарате“, а на Тодоров му порачаа да не се крие зад другите и да не ја префрла одговорноста, туку како најодговрен да си поднесе оставка.
Доколку Тодоров не поднесеш оставка, ќе се вратиме во уште поголем број. Нема да ти помине, не се надевај дека ќе те оставиме и заборавиме, порачаа од пред Министерството за здравство. Организаторите на протестот најавија дека ќе има нов масовен протест, доколку минстерот не си ја преземе одговорноста.
Демонстрантите добиваа поддршка по целата траса додека маршираа од сите граѓани, а многу од нив се приклучија на колоната до Министерството за здравство.