Ахмети до Хан: Меѓународната заедница да се вклучи во надминување на политичката ситуација

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети испрати писмо до еврокомесарот Јоханес Хан во кое бара вклучување на меѓународната заедница во надминување на политичката ституација во Македонија.

– Како што дискутиравме на нашата заедничка средба, ситуацијата во земјата е загрижувачка и демократските капацитети на системот се ставени пред сериозен предизвик. Затоа, сметам дека итното и директно вклучување на Брисел, преку делегирање на политички тим засилен со правни и истражни експерти, е неопходно. Овој тим, делегиран од Европската Комисија и Европскиот Парламент, би ги осигурал сите засегнати страни дека процесот ќе биде кредибилен и со интегритет како и непристрасен што е предуслов за успешно привршување на овој случај, се вели во писмото.

Ахмети исто така бара и интензивно вклучување на Брисел и Вашингтон во посредништвото меѓу Скопје и Атина за надминување на спорот за името.
– Овој спор мора да се затвори што е можно поскоро, но решението не може да се постигне без интензивното вклучување на Брисел и Вашингтон во посредништво помеѓу Скопје и Атина. Нашите заеднички напори за да се постигне мир и да се изгради оддржлива демократија во земјава не може да се сметаат како завршени без интеграцијата на Македонија во НАТО и започнувањето на преговорите за членство во Европската Унија, истакнува Ахмети во писмото упатено до еврокомесарот Хан.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Ахмети да не се крие во Швајцарија, да дојде да каже за планот за враќање на Груевски

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалозни изјави на Таравари за заробување на државата со политички конструкции

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски