Ало Алo бандо криминална!

Од:

Обединети за Македонија со индигнација го отфрлаат сценариото на ИШ продукцијата (Сашо, Горде, Протогер, Никола, Емил, Латас) кое покажува сериозна паника во редовите, чим се обидува да монтираат материјали со нивниот наводен заштитен сведок, некогашен пријател на семејствто Бошкоски, а потоа уценет заштитен сведок, односно агент провокатор, кој подоцна се извинуваше дека бил присилен малку да глуми. Нашиот преседател Љубе Бошкоски ниту имал намера, ниту некогаш ќе го предаде името, ако имал таква намера ќе го направел тоа во 2001 година, наместо да ја брани земјата и да лежи во Хаг 4 години.

Најмалку за патриотизам имаат право да говорат квази патриотите кои ја узурпираа ВМРО-ДПМНЕ, а пристигнаа од Демократската Алтернатива и од други политички партии, пред се Јанкулоска и Груевски, кој лично прифати име Република Македонија-(Скопје) и сеуште тргува со грчките сомнителни бизнисмени. Со давање на снимката власта уште еднаш докажа дека целиот процес против преседателот Бошкоски бил смислен и монтиран со цел да заврши во затвор. На снимката нема делови кои се зборувани а каде Бошкоски потенцира дека неговата позиција е хармонизирана национална позииција, реагираат со соопштение од ОМ.

Од разговорот на Јанкулоска и Протогер се гледа дека оваа снимка власта плниарала да ја употреби уште во 2011 година, но тоа го прави сега со давање на нивните медиуми. Обединети за Македонија потсетуваат никогаш и никаде и од позиција на власт нашиот лидер г-дин. Љубе Бошкоски нема да преговара за промена на името Македонија, што ако подобро се погледне тоа не може да се види нити во ова конструирано видео.

Обединети за Македонија ќе покренат кривична постапка.

 

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска

ОМ против најавената промена на називот на улицата „Борис Сарафов“ во „4 Јули“

Ана Ололовска