(ВИДЕО) Хан: Собраниска комисија за аферата „Прислушување“

Од:

Еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан во неделното интервју на Радио Слободна Европа, вели дека аферата „Прислушување“ треба да ја разрешат надлежните институции, но ако е неопходно исто така треба да има комитет во Парламентот кој ќе се справи со ова прашање, но тоа зависи од присуството на сите политички партии во Парламентот.

„Ние ги повикуваме сите страни да го решат овој проблем. Оние кои ги имаат материјалите треба целосно да ги откријат и сите се добро советувани да ја остават работата на процедурата согласно владеење на правото. И да се справат со тоа на адекватен начин, како што се очекува од земја со европска перспектива.Ова е нешто многу сериозно и уште еднаш мојата препорака е дека работите треба да бидат разјаснети и истражени од оние луѓе кои правно се задолжени за таква процедура. Но, доколку е неопходно исто така треба да има, како што е вообичаено во многу земји, според политичката пракса, да има комитет во Парламентот кој ќе се справи со ова прашање, но тоа зависи од присуството на сите политички партии во Парламентот. Ова е уште една добра причина и затоа има многу смисла сите политички партии да се во Парламентот и политичкиот дијалог да се одвива во Парламентот“, вели Хан.

Според Хан, неопходно и е дел од зрелоста на демократијата да се има дијалог и отворени канали за разговор.

„Мислам дека има разбирање оти на крајот на денот мора да има политичко решение, бидејќи се работи и за репутацијата на земјата. Јас одлучив да ја посетам земјата уште пред неколку недели со цел да воспоставам прв контакт со клучните играчи во земјата за да истражам каде сме во процесот на движење кон ЕУ. Тогаш оваа актуелна криза почна и некои луѓе ме советуваа да не доаѓам, но одлучив да ве посетам особено во оваа ситуација со цел јас да дадам придонес и придонес на ЕУ за да демонстрирам и да дадам поддршка дека ние сме тука. Да поддржам политичко решение, бидејќи ова е дел од демократскиот развој. Секако има различни мислења и сериозни обвинувања кои мора да бидат менаџирани во согласност со стандардите на владеење на правото. Но, воедно е неопходно да има политичка дискусија и дебата“, посочува во интервјуто еврокомесарот.

ЕУ вели, асистира и обезбедува многу пари за периодот од 2014 до 2020 година. Околу 660 милиони евра кои треба да се искористат за градење на капацитетите на администрацијата, но исто така за инвестиции во образованието, развој на економијата, исто така справување со прашања поврзани со животната средина и справување со отпадот. Има многу области каде треба да видат неопходен напредок со цел да се адаптира земјата постепено со европските стандарди.

Премиерот, вели Хан е човек посветен, особено на економскиот развој, и е одблиску запознаен со сè што се случува во економијата и со активностите на бизнис секторот и да се привлечат и странски инвестиции во земјата. Јасно е дека ориентацијата мора да биде насочена кон ЕУ за понатамошно унапредување на овие бројки во смисла на големината на прилагодувањето со европските стандарди. Не гледа, дека има алтернатива за европскиот начин.

Не сака да коментира дали се зголемува опасноста за Македонија да ја изгуби препораката за почеток на преговори.

„Спорот со името е нешто што има билатерални импликации. Јас мислам дека поважен и порелевантен е развојот за земјата, општеството, економијата, се работи за борбата против корупцијата, транспарентноста и независноста на судството, сè што е поврзано со владеењето на правото и перформансите на економијата. Јас мислам дека сè заедно треба да се гледа како еден пакет. Мислам дека ова е најважното, бидејќи тоа е предизвик кој треба да се постигне, кој одзема многу време. Мора да бидеме амбициозни, но од друга страна и доволно трпеливи за да ги постигнеме овие цели“, вели еврокомесарот Хан .

Би можело да ве интересира

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов