Варуфакис: Грција навреме ќе го претстави списокот со реформи

Од:

Грција денеска ќе го претстави списокот со реформи, кои ќе бидат усогласени со нејзините кредитори, соопшти доцна синоќа грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, цитиран од американските медиуми.

-Ние сме во процес на изготвување на списокот со реформи на  институциите, рече Варуфакис пред новинарите по средбата на  владиниот кабинет под претседателство на премиерот Алексис Ципрас.

По повеќе недели обвинувања и недоверба, Грција и нејзините кредитори од еврозоната во петокот постигнаа договор за  продолжување на спасувачката програма – чекор што ќе ги смири црвените алармни светла  дека Грција оди кон излез од еврозоната веќе од следниот месец, забележаа американските медиуми.

Спогодбата со еврозоната значи дека Грција нема да банкротира, барем во следните четири месеци на продолжување на програмата. За да ги добие останатите транши од програмата, меѓутоа, грчката Влада треба да претстави серија економски реформи, кои треба да бидат оценети како применливи од страна на кредиторите.

Варуфакис доцна синоќа изјави дека списокот со реформи ќе биде претставен навремено, што на кредиторите ќе им даде доволно време да го оценат. Тој изрази силна увереност дека списокот ќе биде одобрен од „институциите“, односно од Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, кои претходно беа ословувани како „тројка“.

Варуфакис изјави дека Грција и нејзините кредитори во понеделникот за списокот со реформи ќе разговараат преку телеконференциска врска. Доколку институциите го одобрат, разговорите за завршување на актуелната спасувачка програма ќе продолжат. Доколку не гоодобрат, министрите за финансии на земјите од еврозоната ќе имаат
нова средба на еврогрупата веќе во вторник.

Би можело да ве интересира

Големи пожари избувнаа низ Грција, пристигнуваат хеликоптери за да им помогнат на пожарникарите

Горан Наумовски

Маринакис: Постои само едно толкување на ерга омнес

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Владата на Мицкоски доби доверба од Собранието – положи заклетва под уставното име

Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“ пишуваат грчките медиуми

Пеколен одмор во Грција: Се повеќе мртви туристи, температура над 45 степени

Предраг Петровиќ

Жена почина во Полихроно: Во несвестна состојба била извлечена од морето