Виолета Бошкоска, сопруга на Љубе Бошкоски тврди дека планот за апсењето го знаеле и пред да се случи, а екс министерот сознанијата ги презентираше и на прес конференција дека му подготвуваат неколку слачаи. На маса биле неколку предмети, а се барале заштитени сведоци за целото сценарио.
Таа посочува дека првично планот за Љубе бил да биде ликвидиран, поради што екс министерот за внатрешни бил многу внимателен кога патувал надвор од Скопје. Вечерта по изборите, знаеле дека следниот ден ќе следува апсење за некој од предметите кои подолго време биле поготвувани.
-Сознанијата на Љубе беа дека се мести апсење, па дури одеа до негово убиство, а зошто не отиода на убиството туку на негов линч од политичката сцена, не е јасно. И првото дело што му го наместија и второто дело, Љубе ги знаеше. Првото дело му дојде од странски служби од Чешка каде заштитниот сведок и еден господин од Владата одеа и се договараа како ќе го изведат.
А второто дело, беа повикани луѓе во Владата и им беше кажано да се тргнат од партијата Обединети за Македонија комплетно, дека партијата ќе се распадне, а на Љубе додека е во затвор ќе му се намести случајот за Марјан Тушевски или „Јама“, рече Бошкоска за А1он.
Бошкоска бара повторување на делото и вклучување на меѓународната заедница во овие “конструирани и монтирани случаи“ и кажа дека веќе се остварени контакти и постои заинтересираност од нивна страна.
-Луѓе од Европскиот парлемент се јавија и заинтересирани се случајот да се покрене пред Европскиот парламент, мислам дека од понеделник ќе се актуелизира случајот и на тоа ниво, рече Бошкоска.
Љубе Бошкоски во два случаи е осуден со помош на заштитени сведоци, а меѓународната заедница и Стејт департментот ги нарекоа “политички монтирани процеси“. По прикажаните снимки за неговото апсење, веќе се стана јасно.