Георгиевски: Латас беше чест гостин во домот на Љубе кога тој беше министер

Од:

Револт и згрозеност, вакви се реакциите по објавената трета „бомба“ од страна на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Пратеникот Павле Трајанов, лидер на Демократски сојуз, долгогодишниот коалициски партнер на Груевски, во изјава за Дојче Веле не крие дека е згрозен од тоа што го чул и најавува дека ќе бара одговорност. Снимките, според Трајанов, ја покажаа длабочината на хипокризијата во медиумите и власта.

Лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, за кого, во снимката која ја презентираше Заев,и за која посочи дека сопственикот на Канал 5 телевизија Емил Стојменов, бара од Сашо Мијалков негово апсење, вели дека е изненаден и згрозен од содржината на разговорите што ги презентираше лидерот на СДСМ.

„Медиумите одработуваат за власта, но од снимките се заклучува дека таа соработка оди и двонасочно, па и од власта се бара да оствари ‘желби’ на медиумски сопственици. Она што го знам, е дека околу 80 отсто од богатството Стојменови го стекнаа кога таткото (Борис Стојменов) беше министер за финансии во мојата влада. Таа влада им ја даде концесијата за телевизијата Канал 5. Денес, малку е ако кажам дека чувствувам грижа на совест и одговорност за таа постапка, особено кога слушам како некој бара да ми ја стават главата во торба. Не разбирам, од каде толкава омраза кај некои луѓе? Не разбирам од каде и кај Драган Павловиќ – Латас толкаво одушевување за апсењето на Бошковски. Па кога Љубе беше министер, Латас многу често беше гостин во неговиот дом. Најмалку 30-тина пати бил на вечери во домот на Бошковски“, вели Георгиевски во изјава за Дојче Веле.

Би можело да ве интересира

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов