Новинарката Сузана Мицева го прекина ангажманот во Канал 5

Од:

Сузана Мицева, дописник на Канал 5 од Струмица, го прекина ангажманот во телевизијата.

Еве што напиша на својот ФБ профил:

„Ги прескокнувам сите травијалности ми беше драго, вие сте такви, јас сум ваква.

Денес го прекинав мојот ангажман во Канал5.

Сите ние имаме свои причини кои не водат во животот, субјективни, објективни…

Моите се ислучиво лични. Одлука која не верував дека ќе треба да ја донесам, но ете, решив во дел од наносекунда и за првпат во животот знам дека постапив чесно.

Сметам дека по овој ден, на погорниот мој исказ што и да додадете нема да згрешите.

Останувам НОВИНАР, и да не се сомневате ако бидам приморана, отказ ќе дадам и во сопствената телевизија. До тој ден за кој се надевам дека нема да дојде, ќе ме следите преку Тв Канал Вис, и социјалните мрежи, па не гледам дека ќе ни трпи комуникацијата.
Секој има свој револт, ова е мојот начин да го покажам. Првиот чекор. Нема логика да говорам и критикувам тука, ако токму овие денови, од Струмица во совршена хармонична атмосфера ви зборувам за Карневал. Карневал, точно, има, ама во цела држава!!!

До моите колеги од 5-ка само добри желби и поздрави, имав убави шест години.“

suzana1

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on