Георгиев: Инцидентите стануваат практика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Од:

„СДСМ е сериозно загрижен за инцидентите што се предизвикани од несериозниот однос на коалициските партнери во власта, а се во врска со незаконските преименувања на училиштата во Чаир. Дополнително сме загрижени што власта повторно се однесува како ништо да не се случува и не презема мерки за да се превенираат меѓуетнички тепачки на децата“.

Ова на прес конференција го кажа потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев според кого медиумите во неколку наврати потврдиле дека ученици Македонци биле физички нападнати од соученици Албанци кои насила ги терале да го извикуваат името на Хасан Приштина, наместо „Цветан Димов“.

„Инцидентот толку ги исплашил учениците и родителите, што тие исплашени за мирот и спокојството на децата не го ни пријавуваат настанот во полиција.

Тоа полицијата едвај чекала да го слушне и иако на очиглед на пошироката јавност инцидент се случил, тие немаат никаква службена белешка, ниту преземаат некои активности за во иднина ваков инцидент да не се повтори.

Самиот факт што родителите се плашеле да пријават е срам и пораз на Министерството за внатрешни работи кое со тоа признава дека не може да им пружи заштита на луѓето и тие не се чувствуваат безбедни, туку уплашен“, рече Георгиев.

Според Георгиев ваквите инциденти стануваат редовна практика на владеењето на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Инцидентите во континуитет се производ на неразумното водење политика на меѓусебно инаетење на коалициските партнери во власта. Така беше и со случувањата и тепачките на калето, со инцидентите и тепачките по автобусите, а нивното инаетење и играње со националните чувства на граѓаните сега го префрлија и во училиштата, злоупотребувајќи ги децата во нивната подла игра“, рече Георгиев.

Би можело да ве интересира

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он