Најмалку 25 лица се убиени, а 30 се повредени во три бомбашки напади што се извршени денеска во градот Ал Кубах, источно од Бенгази.
Бомбите експлодирале на една бензиска пумпа, во локалната полициска станица и во куќата во која живее спикерот на либискиот Парламент Агила Салах.
Во изјава за телевизијата Ал Арабија Салех изјави дека нападите во градот најверојатно претствауваат одмазда на џихадистите од Исламска држава (ИД) на нападите што египетската авијација ги изврши врз позициите на оваа милитантна исламистичка група, во градот Дерна.
Салех тврди дека бројот на жртвите во нападите во Ал Кубах се „многу поголеми“ од првичните сознанија и навестил дека ќе се прогласи седумдневна жалост.
Во понеделиникот, Египет на два пати ги бомрадираше позициите на ИД, убивајќи повеќе од 50 нивни припадници, како и уништувајќи ги нивните скалдишта за оружје, пребивалиштата во кои живеат и терените за обука на џихадистите.
Нападот на египетската авијација беше одмазда за бруталната ликвидација на 21 заробени христијани Копти кои во Либија престојувале како градежни работници. Џихадистите ги убија со отсекување на главните, откако претходни ги осуди како „крстоносци“.
Во авионите што ги бомбардираа позициите на ИД на крајниот исток од Либија, имало и либиски пилоти.
Либија од 2011 година е во целосен хаос, без централна власт и можност да се контролира територијата на земјата. Во моментот земјата има и две влади-една во Триполи, а другата во Тобрук.
Ни едната ни другата влада нема контрола врз Бенгази, кој е под контрола на разни исламистички групи, од кои некои се поврзани со Ал Каеда.