Потребно е:
250 гр путер
100 гр шеќер
1/2 кесичка прашок за пециво
100 гр пченкарно брашно
200 гр бело меко брашно
1 јајце
1 кесичка ванилин шеќер
500 мл млеко
Подготовка:
– Во еден подлабок сад измешајте ги сите суви состојки, путерот исецкајте го ситно и помешајте го со брашното.
– Потоа додадете го млекото и замесете тесто. По потреба додадете уште од белото брашно ако тестото е лепливо.
– На набрашнета работна површина развлечете го тестото со дебелина од 1 см. Со модли или пак со чаша обликувајте ги колачињата и наредете ги во тава претходно обложена со хартија за печење.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени 10-15 минути, додека не поруменат од долната страна.
– Оставете ги малку да се изладат и потоа секое колаче намачкајте го од едната страна со мармалад по желба. Спојувајте по две колачиња од страните кои се намачкани со мармалад.