Чуњун – најголемата миграција на луѓе во светот за кинеска Нова Година

Од:

Кинеската Нова година официјално беше дочекана на полноќ, но вистинската „забава“ почна многу порано.

Чуњун или пролетната миграција е најголема годишна миграција на луѓе во светот.

Оваа миграција ја прават кинеските работници кои си заминуваат во своите родни краеви во текот на празникот и трае 40 дена – оваа година од 4 февруари до 15 март.

Баиду, кинеската верзија на Гугл, објави интерактивна мапа која го следи движењето на луѓето во оваа земја во текот на пролетниот фестивал.

Така на 17 февруари меѓународниот аеродром во Пекинг беше најпрометниот јазол во оваа миграција, и го следеа Баијун во Гуангџоу и Баоан во Шенџен.

Пекинг, Шанај и Шенџен забележаа најголем број минувачи, додека од 11 февраури Чунгкинг забележа најголем број доаѓања.

Најфрекфентна рута е онаа што води од Шангај до Лу’ан, долга 550 километри.

Се очекува годинава да бидат организирани 2,8 милијарди патувања преку јавната транспортна мрежа, а доколку се вклучат и приватните возила, ќе има околу 3,7 милијарди патувања и тоа само во текот на новогодишните 40 празнични дена.

Како споредба, толкава популацијата имаат Америка, Африка, Европа и Океанија заедно.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска