По 4 и пол часа УКИМ, МОН и Пленумите договорија само нова средба

Од:

По четири и пол часовната средба во Ректоратот на УКИМ, на која присуствуваа ректорот Велимир Стојковски, министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, вицепремиерот Зоран Ставревски, претставниците на Студентскиот пленум и од Професорскиот пленум , извесно е само дека ќе има нова средба.

На новинарите, ректорот Стојковски им подели штуро соопштение во кое пишува дека бил донесен заклучок да се формира работна група со претставници од сите засегнати страни, вклучително и од пленумите, која во рок од 30 дена треба да изготви анализа на состојбите врз основа на која ќе се дефинира концептот на изработка на законски текст за високото образование.

Ова соопштение беше единствениот официјален став за средбата, изјава не даде никој.

Студентскиот пленум ќе објави соопштение по координацијата во пленумот.
Претставниците од УКИМ и од пленумите останаа во салата и откако владините претставници заминаа.

Би можело да ве интересира

Заврши протестот на студентите, министерот ќе ја разгледа нивната иницијатива за календар на активности

Темелковски: Не се откажуваме од ветените 140 денари за студентски оброк

Ана Ололовска

(ВИДЕО): Жолт картон како „прва опомена“ од студентите, порачаа дека нема компромис со студентскиот стандард

Горан Наумовски

(Интервју) Славчо Темелковски: Студентите не веруваат во ниту една политичка партија

ВО ЖИВО: Меѓународен ден на студентите – протестен марш за подобри стандарди

Петар Клинчарски

Студентски Отпор: Масовен студентски марш в четврток во 17 часот

Ана Ололовска