ФФМ донира топки за детските лиги

Од:

Повеќе од 600 топки Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе донира во седум региони во македонија.

Со акцијата која веќе започна во Северниот регион, ќе бидат опфатени 100 клубови, односно преку 5.500 деца ќе можат да ги користат новите топки.

До крајот на идната недела ќе бидат опфатени сите фудбалски региони.

– Оваа донација на топки произлегува од идентификување на потребата за поддршка на идните фудбалски надежи, нашите стратешки проекти за развој на фудбалот и активности за имплементација со кои ќе ги мотивираме, бодриме и ќе им укажеме најголем респект за нивната посветеност кон фудбалот. Сакаме младите фудбалери да знаат дека споделуваме исти вредности и иста страст кон фудбалот и со оваа донација сакавме да ги увериме дека сме секогаш тука за нив, на секој чекор од патот на кој се определени да чекорат, изјави Филип Поповски, Генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија.

ФФМ има долгорочна цел активно да ја стави својата експертиза во служба на фудбалот, да се ангажира во привлекувањето на што е можно повеќе млади луѓе, да промовира идеи, да го штити угледот на фудбалот и да одржува односи со клубовите и младите фудбалери врз основа на правичност и чесност, почитувајќи го нивниот талент и идентитет.

Би можело да ве интересира

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Нападот на Сејдини е без преседан, тој е истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ

Горан Наумовски

ФФМ: Длабоко сме загрижени и го осудуваме националистичкo скандирањe на Мирлинд Даку

Горан Наумовски

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

A1on

ФФМ донесе одлука: Шкендија доби службена победа, а стадионот „Чаир“ доби суспензија