ДОМ соопшти дека подготвува кривична тужба против Југохром поради, како што наведуваат, игнорирањето на сите законски обврски од страна на компанијата за еколошко работење.
Од партијата потсетуваат дека минатата година поднеле кривична пријава до Јавното обвинителство Тетово која, била отфрлена со објаснување дека нема основа за гонење по службена должност и затоа сега се одлучиле за кривична тужба за која подготвуваат докази.
– Наместо да го редуцира работењето и да монтира еколошка опрема во продолжениот рок, Југохром продолжила да емитува тони фугитивна прашина секојдневно, а тоа го покажува мерењето на ПМ10 честичките кои се 10 до 20 пати над дозволената граница, се вели во соопштението од ДОМ.