Додик: Попрво РС ќе излезе од БиХ отколку што БиХ ќе влезе во ЕУ

Од:

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека РС попрво ќе се одвои од Босна и Херцеговина отколку што БиХ ќе влезе во Европската унија.

Тој смета дека Европа на БиХ и дала „пожестоки и потешки“ услови отколу што биле пред една година и оти Меѓународната заедница „ја чува БиХ со насилство“, поради што земајта не може да опстои.

– Освен прашањето за механизмот на координација и пресудата Сејдиќ – Финци, сега имаме уште еден услов – еврокомисијата да процени дека се работи на напрадок по пашањето на економските реформи“, прецизираше Додик прашувајќи се „Какви тоа реформи спроведува БиХ“.

Тој рече и дека Хрватска повеќе не крие дека сака да ја помогне хрватската компонента и оти е неизоставна и во Федерацијата и во БиХ.

– Народот мора да сфати дека во БиХ ништо не функционира… Јас никогаш не сум се обидувал да го урнам Уставот на БиХ, но се спротиставував на уривањето на уставниот поредок, изјави Додик за ТВН1. На крајот тој уште рече дека Меѓународната заедница погрешно проценила дека „Милорад Додиќ е нечиј“.

– Јас дојдов тука за да ги бранам интересите на српскиот народ и на Република Српска. Тоа што мене некој поггрешно ме проценил и сега сака да се вади, тоа не е моја работа, рече Додик.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница