БТА – Софија
Полицајците во Белгија веќе се чувствуваат физички и психички истоштени од продолженото одржување на повеќе од месец дена на претпоследниот степен на готовност за дејства против терористички напади, соопштуваат локални медиуми.
Според претставник на главниот полициски синдикат во земјата, силите на редот можат да продолжат работат со ова темпо уште неколку дена или седмици, но не и повеќе. Согласно решението на Советот за национална безбедност, претпоследниот степен на готовност ќе продолжи само до 23 февруари. Советот е составен од претставници на разузнавачките служби, службата за анализа и оценка од заканите, и од министерствата за правосудство, внатрешни и надворешни работи.
Полицајците истакуваат дека најоптоварени се оние кои работат во помалите населени места при недостиг на доволно персонал и заштитни средства. Заради постојаните патроли кои биле воведени во средината на јануари, по операцијата против терористичка ќелија од Вервие, полицјајците работат под неприродно високи тензии. Полициските синдикати бараат обезбедување на повеќе буџетски средства и за дополителни назначувања во спроведувањето на законот и истрагата.
Во последниов месец, под засилена полициска заштита беа ставени стратешки објекти, меѓу кои и зградите на институциите на ЕУ, на Нато, како и на белгиската федерална власт. Во некои денови беа добивани и проверувани и по неколку сигнали за поставени запаливи направи на јавни места. Џихадисти од Исламска држава упатија закани за поставени автомобили бомби во Белгија, како и за напади против кралот Филип и против градоначалникот на Антверпен, Барт де Вевер.