Дизајнерот Ерик Кларенбек креираше линија на накит што се носи на очите. Сјајни солзи висат на жица која е поврзана со контактна леќа која се става во окото.
„Накитот“ за очи почна со тетоважи, продолжи со пирсинг, а последниот додаток е толку многу болен што само погледот на него предизвикува солзи. Во одговор на новостите во светот на модата, Кларенбек креира линија на „накит за очи“.
На солзата можете да ставите и многу други додатоци, како кристали и цвеќе, а може да се користи за секоја ситуација.
Накитот со должина меѓу 14 и 33 милиметри, со леќа е поврзан со посебна медицинска жица и виси низ окото. Кристалниот додаток светка на сонцето и изгледа како вистински солзи.
– Луѓето кои го носеле мојот накит воодушевени се колку е пријатен. Воопшто не се чувствува жицата која виси, не штети на видот, а леќите нежно се поместуваат кога се движи окото, дури и кај трепкањето. Почна како експеримент, но кога добив позитивен одговор од оние кои го носеа, одлучив да го произведувам, рече дизајнерот на накитот, Ерик Кларенбек.
– Целосно е сигурен. Ако некој ве допре за солзата додека ви е во окото, леќата сама ќе падна од него, или во најлош случај, жицата ќе падне, тврди Кларенбек.
Накитот може да се купи преку Интернет по цена од 200 фунти.