ВИДЕО: Пародија за вистината за Македонските Анонимуси

Од:

На YouTube каналот се појави видео-пародија, на веста дека таканаречени „Македонски анонимуси“ се закануваат со објавување на бомба за Зоран Заев но притоа не наведуваат од каде ќе биде овој материјал-дали од странска служба или пак од домашната служба.

Наводно хакирано било како што се вели „дувлото на оние кои го креираат сето ова, а се поврзани со лицето Зоран Заев“.

Анонимуси Македонија се јавија по видеото кое се појави на YouTube, а кое содржеше закана до лидерот на СДСМ Зоран Заев, дека ќе објават компромитирачки материјали за него.

Со демант порачаа: Не наседнувајте, видеото не е наше.

-Нашата страница нема направено вакво видео и не стоиме зад ова. Се сомневаме дека видеото е направено за нечии политички поени. Не наседнувајте. Анонимуси не се и никогаш не биле партиски поврзани, напишааа Анонимуси Македонија на својата Фејсбук страна.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на најaвите дека таканаречени македонски анонимуси ќе објавеле материјали за него “ за да се дознаела вистината“ возврати на својот Фејбук профил.

-Подготвени сме за т.н анонимуси..нека почнат, па ќе видат што значи вистински анонимуси, напиша Заев.

Појавата на наводните Анонимуси и наводното хакирање на комјутер во штабот на СДСМ кое го отрфлија како точно, се поврзува со обидот да се објават материјали за опозицијата, а да не е очигледно дека материјалите се дадени од власта.

Би можело да ве интересира

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов