Ахмети бара вклучување на Брисел за разјаснување на аферата со прислушувањето

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска во Тетово се сретна со амбасадорите на Финска и Шведска, Тимо Рајанкагнас и Матс Стафансон и со Аса Пехрсон, претставник на Шведска во Брисел.

На средбата, како што соопшти партијата, е разговарано за последните случувања во Македонија во врска со прислушувањето, меѓуетничките односи, спорот со името и евроатлантската интеграција на државата.

Ахмети истакнал дека случајот со прислушувањето не смее да ја попречи евроатлантската агенда на Македонија и оти политичките партии треба заеднички да се ангажираат за иднината на земјата.

– Брисел треба да се вклучи директно во управувањето со сложената ситуација во земјата преку ангажирање на еден тим кој ќе го следи политичкиот дијалог меѓу политичките партии како и управувањето со процесот на разјаснување на афера со прислушувањето, се вели во соопштението.

Ахмети посочил дека главниот проблем на Македонија е спорот за името бидејќи според него блокирањето на евроатланската иднина создава тензии во меѓуетничките односи. Тој ги поканил Брисел и Вашингтон директно да се вклучат во надминувањето на спорот преку овозможување на непосреден дијалог меѓу македонскиот и грчкиот премиер.

Амбасадорите се интересирале за меѓуетничките односи и спроведувањето на Охридскиот договор. 

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он