Атентатот врз Глигоров останува мистерија и по 17 години

Од:

На денешен ден пред седумнаесет години беше извршен неуспешен атентат врз тогашниот претседател на Македонија, Киро Глигоров, кој се здоби со тешки телесни повреди.

Обидот да биде убиен Глигоров се случи пред хотел Бристол на 3-ти октомври 1995-та година, во 9 часот и 50 минути при вообичаеното упатување на Глигоров од резиденцијата кон Собранието.

На местото на атентатот загина возачот на Глигоров, Александар Спировски, а три лица беа повредени.

Мистеријата за атентатот врз Глигоров остана до денешен ден, а ниту нарачателите, ниту извршителите сѐ уште не се познати.

Истрагата која се води против непознат сторител се уште е отворена во полицијата.

Првиот претседател на независна Република Македонија, почина на 1. јануари 2012-та година на 94-годишна возраст во својот дом во Скопје.

Би можело да ве интересира

Ученик од четврто одделение извади нож во училиште во Центар, известена полицијата

Горан Наумовски

Притвор за осомничените кои планираа атентат врз претседателот на Србија

Горан Наумовски

Напаѓачот на рускиот генерал Алексеев e уапсен и е во Москва

Горан Наумовски

Спречен атентат врз Венс: Полицијата откри докази за сериозни закани

Трамп: Загрижен сум за сопствената безбедност по двата обиди за атентат

Судот во Полска осуди руски агент кој сакаше да го убие Зеленски