Крцкави карамел колачиња

Од:

Додека ги печете овие колачиња ќе имате неодолив мирис во домот …

Потребно е:
350 гр брашно
1/2 кесичка прашок за пециво
225 гр путер
прстофат сол
2 јајца
1 ванилин шеќер
200 гр чоколадни зрнца
150 гр парченца карамел (во секое колаче треба внатре да втиснете по едно парченце)

Подготовка:
– Во еден сад помешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта.

– Во друг сад со миксер изматете го путерот со шеќерот додека не се соединат.

– Додадете ги јајцата и матете додека да добиете хомогена смеса.

– Потоа додадете ги чоколадните зрнца и измешајте убаво со дрвена лажица. Смесата не треба да биде леплива за да може лесно да ја обликувате. Ако ви се лепи на рацете ставете уште малку брашно.

– Со рака земајте од смесата и обликувајте топчиња. Во средината на секое топче втиснете по едно парченце карамела.

– Топчињата наредете ги во тава обложена со хартија за печење и стиснете ги за да станата плоснати. Така замрзнете ги околу 3 часа.

– Потоа ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени 10-тина минути, односно додека не добијат убава-златно кафена боја. На крај засладете ги со шеќер во прав.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска