Примирјето, кое почна на полноќ на истокот на Украина главно се почитува, но со исклучок на Дебалцево и Луганск, каде оружените судири продолжуваат, изјави шефот на мисијата на ОБСЕ Ертугрул Апакан.
Припадници на проруските сили на истокот на Украина одбиле да дозволат на набљудувачите на ОБСЕ да стигнат до опколениот град Дебалцево, откако денеска стапи во сила прекинот на огнот, рече Апакан.
Припадници на проруските сили рекоа дека прекинот на огнот не се однесува на Дебалцево, упориште на најтешките борби во изминатите неколку седмици.
Членките на трилатералната Контакт група за решавање на кризата во Украина на 12 февруари потпишаа пакет мерки за примена на претходните договори од Минск.