Властите во Сиера Леоне ставија под карантин околу 700 домови во предградие на главниот град Фритаун, откако во градот едно лице почина од ебола.
Предградието Абердин во Фритаун ќе биде под карантин во период од 21 ден.
Според последните податоци на Светската здравствена организација од ебола во Западна Африка досега се заразени 22.999 лица, а 9.253 починале од болеста, јави ТАСС.