Лидерот на Десен сектор го отфрлува мировниот план од Минск

Од:

Лидерот на украинскиот Десен сектор Дмитриј Јарош соопшти дека неговото радикално движење го отфрлува мировниот договор од Минск, додавајќи дека нивните паравоени единици на истокот на Украина ќе продолжат „активно да се борат врз основа на сопствениот план“.

Јарош ова го објави на Фејсбук профилот, додавајќи дека каков било договор со милициите на истокот на Украина кои тој ги нарекува „терористи“ нема легална сила, и оти е спротивен на украинскиот устав.

Лидерите на Русија, Украина, Германија и Франција вчера во Минск по маратонски преговори постигнаа договор за прекин на огнот во Украина.

Би можело да ве интересира

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Минск: Украински проектил падна на белоруска територија

А1он

Минск: Западот сака да отвори втор фронт

Протест во Минск, уапсени десетици луѓе

Катерина Ѓуровски

Повеќе од 30 лекари уапсени на протест во Минск

А1он

Во Минск судири помеѓу полицијата и демонстрантите, приведени и новинари

А1он