Фондот за здравствено осигурување на Македонија позитивно го реши барањето за лекување во странство на 12-годишната М.С. од Струмица која има сколиоза во напреден стадиум.
Од Фондот соопштија дека М.С. се испраќа на лекување во странство во Турција, во времетраење од осумнаесет дена и во придружба на родител.