Изненадете ја саканата личност со оваа прекрасна пица, во облик на срце.
Потребно е:
тесто за пица
доматен сос или кечап
сувомеснато, по ваш избор
свежи шампињони
зеленчук, по ваш вкус (пиперки, кромид, домати…)
мек кашкавал, изрендан
моцарела, по желба
оригано
Подготовка:
– Прво, направете го тестото за пица. Додека тестото нараснува, исечкајте ги и изрендајте ги состојките. Ако имате време и сте малку креативни, обидете се сувомеснатото да го направите во облик на срце, како и останатиот зеленчук.
– Од нараснтото тесто за пица, формирајте и измесете убаво и мазно тесто. Од тестото направете форма на срце, така што горе ќе засечете малку, а долу ќе направите шпиц, како на сликата.
– Почнете да ја редите пицата – доматен сос, малку кашкавал, сувомеснато, шампињони, зеленчук, моцарела и малку оригано.
– Ставете да се пече во рерна загреана на 200 Целзисуови степени, околу 25 минути, односно додека тестото да биде убаво испечено, со златно жолта боја.