„Илирска Македонија“ – Предлог на Фазли Велиу и ветераните на ОНА

Од:

Илирска Македонија да биде новото име на државава, а потоа и да се реши проблемот со името со Грција, побараа денеска преку соопштение воените ветерани на поранешната ОНА.

Во соопштението кое е објавено во весникот на албански јазик „Коха“, тие инсистираат на илирско-македонско име за државата, со кое сметаат дека ќе бидат исполнети сите критериуми.

„Нашиот предлог е државата да се вика Илирска Македонија оти тоа име ги исполнува сите критериуми, и демографски и политички и историски. Овој предлог ќе го забрза и решавањето на спорот со Грција околу сегашното име на државата“, пишува во соопштението на здружението, кое е потпишано од претседателот Фазли Велиу, висок функционер на ДУИ и вујко на лидерот Али Ахмети.

Од Здружението порачаа дека името Горна Македонија е неприфатливо за Албанците зашто било еднострано и без „дадена согласност од Илирија“.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска