А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Шведска со максимална поддршка за евроинтеграциите на Македонија

by А1он02/10/2012 - 19:2802/10/2012 - 18:35222
Share0

Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски денеска оствари работна посета во Кралството Шведска.

Следете a1on на Instagram Instagram

За време на еднодневниот престој во Стокхолм, Попоски оствари средби со министерот за надворешни работи на Кралството Шведска, Карл Билд, министерот за европски работи, Биргита Олсон, министерот за трговија Ева Бјорлинг, претседателот на Комисијата за надворешни работи на Парламентот на Шведска и со членови на Пратеничката група за соработка на Парламентот на Шведска со Собранието на Република Македонија.

Во фокусот на разговорите со министерот Билд, соопшти МНР, беа стратешките приоритети на Република Македонија за полноправно членство во ЕУ, а во тој контекст и нашите очекувања од престојниот извештај на ЕК за напредокот на нашата држава во остварување на евроинтегративните реформски процеси.

Шефот на шведската дипломатија, Билд ја истакна целосната поддршка на Шведска на евроинтегративниот процес на Република Македонија. Едновремено, ја нагласи заложбата на Шведска за одржување на кредибилитетот на процесот на проширување на Унијата.

Следете a1on на Youtube YouTube
eumnr

Би можело да ве интересира

„Гардијан“: Европа мора да се однесува како Кина за да ја преживее ерата на хаосот

Горан Наумовски11/05/2026 - 14:21

Дмитриев: Енергетската криза ги отвори „затворените очи“ на ЕУ

Горан Наумовски08/05/2026 - 14:0908/05/2026 - 14:59

Трамп: ЕУ до јули треба да ги исполни обврските од трговскиот договор

Горан Наумовски08/05/2026 - 13:55

Коста: ЕУ се подготвува за можни разговори со Путин

Горан Наумовски08/05/2026 - 10:32

Европратеник: Трамп ја удира ЕУ, a Брисел молчи

А1он04/05/2026 - 19:57

Кина упати сериозна закана до Европската Унија

Горан Наумовски02/05/2026 - 10:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто