ЕП апелира за донаторска конференција за Ирак и за Сирија

Од:

Меѓународната заедница треба да го исполни ветувањето за интензивирање на хуманитарната помош за милионите луѓе кои настрадаа од кризата во Ирак и во Сирија, се наведува во резолуцијата усвоена денеска во Европскиот парламент.

Европарламентарците апелираа до Европската унија да размисли да организира донаторска конференција и ја потенцираа потребата од политичка транзиција во Сирија и широка влада во Ирак за да се намали влијанието на Исламска држава.

Во резолуцијата остро се осудуваат ужасните системски злоупотреби и кршења на човековите права од страна на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, од терористите на ИД и другите џихадистички групи во Ирак и во Сирија, вклучително и убиството на заложниците, како и сите форми на насилство врз лица врз основа на нивната религиозна и етничка припадност, вклучително и насилството врз жените и припадниците на ЛГБТ. Во резолуцијата се осудуваат и злоупотребите на децата.

Насилството во Сирија доведе до раселување на 7,6 милиони Сиријци, а во земјата има над 12,2 милиони луѓе на кои им е потребна помош. Во Ирак над 5,2 милиони имаат потреба од хуманитарна помош, а 2,1 милиони се внатрешно раселени. Околу 740.000 Ирачани ја преживуваат зимата во несоодветни услови. Потревна им е помош и на околу 2,2 милиони луѓе кои живеат на териториите контролирани од ИД.

Според Европската комисија, 276.000 бегалци се обиделе илегално да влезат во ЕУ. Во исто време Европа собра над 3,3 милијарди евра помош за Сиријците, а само во 2014 година ЕУ донира хуманитарна помош за Ирак во висина од 163 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија