Многу вкусен колач кој ќе ви ги разубави овие студени зимски денови …
Потребно е:
130 гр путер
3 жолчки
240 гр брашно
100 гр шеќер во прав
прстофат сол
за кремот:
1/2 л млеко
200 гр рикота сирење
5 жолчки
50 гр нишесте
1 стапче ванила
ситно изрендана коричка од 1 1/2 портокал
3 лажици ликер од портокали (Grand Marnier)
100 гр пињоли
50 гр бланширани бадеми
1 лажица шеќер во прав
Подготовка:
– За тестото измешајте ги путерот и брашното и матете со миксер додека не добиете густо ронливо тесто.
– Во тестото додадете ги жолчките, шеќерот и солта. Ако тестото е пресуво додадете малку млеко. Замесете тесто, обликувајте во форма на диск и оставете го во фрижидер да стои половина час.
– Преминете на подготовка на кремот. Во сад на рингла сварете го млекото со стапчето ванила и изренданата кора од портокал во него.
– Во друг сад пенесто изматете ги жолчките со шеќерот.
– Во 100 мл млако млеко измешајте го нишестето.
– Кога млекото ќе биде врелоизвадете го стапчето ванила, исечете го по должина и со нож изгребете ги семките од внатрешноста и ставете ги во врелото млеко.
– Смесата со жолчки сипете ја во млекото и оставете да се вари на тивко со постојано мешање додека не се згусне, околу 10 минути.
– Во млку изладениот крем додадете ги рикота сирењето и ликерот.
– Тестото извадете го од фрижидер и развлечете го на маса. Потоа ставете го во кружен калап за пита кој претходно сте го премачкале со путер.
– Тестото на повеќе места избоцкајте го со вилушка и на него сипете го подготвениот крем. Сега на кремот посипете ги тостираните пињоли и бланшираните бадеми.
– На крај посипете со малку шеќер во прав и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 40-тина минути.