Студентите кои вечерва држат стражи на Филофофскиот факултет упаднаа и во емисијата „Јади бурек“.
Најпрво се јави еден од студентите кој кажа дека се јавува од дома, од населбата Капиштец.
-Загрижен сум од ова што се случува на мојот факултет, дваесет студенти се собрале си играат окупација, рече студентот.
Во следниот момент да се појавија стотина студенти зад него како изненадување со извици „автономија, автономија“, со поздрав до водителот на „Јади бурек“.
Погледнете го видеото.