„Не знам дали воопшто може да се каже дека во Македонија постои правото на приватност и правна сигурност на граѓаните“, изјави за 24 Вести народниот правобранител Иџет Мемети, откако вчера беа објавени аудио записи од прислушувани разговори, кои ги презентираше лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Се работи за грубо прекршување на едно од фундаменталните човекови права, и јас како Народен правобранител на Република Македонија најостро ја осудувам оваа појава, без разлика дали се работи за снимање или прислушување на јавни личности или на останатите граѓани. Оваа појава верувајте ќе остави многу тешки последици и за граѓаните но и за нашето општество, и е застрашувачки наједноставно речено. Повикувам како Народен правобранител на разум, рече Мемети.