Лесен десерт кој брзо се подготвува, а е многу вкусен …
Потребно е:
4 јаболки со средна големина
500 мл вода
100 гр шеќер
1 ванилин шеќер
4 лажици сок од лимон
1 стапче цимет
80 гр суво грозје
10 гр свеж ѓумбир
за украсување:
50 гр лежници, сецкани
1 кесичка шлаг пена
Подготовка:
– Во вода што врие ставете го шеќерот, ванилиниот шеќер, сокот од лимон, стапчето цимет и излупет и на ливчиња исечен свеж ѓумбир. Оставете ги сите состојки да се варат на тивко околу 10 минути.
– Јаболките излупете ги и исчистете ги од семките. Ставете ги да се варат во водата со шеќер. Во текот на варењето превртувајте ги од сите страни по 5 минути да се варат.
– Пред крај на варењето додадете го сувото грозје.
– Сварените јаболки извадете го од шербетот и ставете ги во украсни садови за сервирање, прелијте ги со течноста со суво грозје во која се вареа јаболките и посипете ги со грубо сецкани ореви. Одозгора украсете со претходно изматениот шлаг.