ВМРО Народна партија потсетува дека претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски повеќе од две години наназад отворено зборува и аргументирано предупредува за проблемот со демографската катастрофа.
Според партијата, се потврдува правилото дека Љубчо Георгиевски секогаш прв и со години пред другите ги отвара болните проблеми.
„Некои ги разбираат веднаш, некои по две години како Влатко Ѓорчев, а за жал повеќето ги разбираат откако ќе се случат. Проекцијата на господинот Влатко Ѓорчев дека до 2050 година ке се намалеле 300 000 граѓани на Република Македонија е комплетно неточна. Се плашиме дека од 2001 година до денес, бројот на македонците веќе е намален за над 300.000“, рече Ване Цветанов, портпаролот на партијата.
Според Цветанов, вториот дел кој воопшто не го споменува ВМРО-ДПМНЕ е што „во севкупната демографска катастрофа македонската нација учествува со најголем процент, и ние очекуваме 2012 година да биде првата година во која во Македонија ке се родат повеќе муслимански деца од христијански“.