На два чамца на италијанската крајбрежна стража починале 25 илегални имигранти

Од:

Најмалку 25 илегални имигранти починале од хипотермија на два чамца на италијанската крајбрежна стража, откако на нив биле префрлени од бродот во дефект со кој пловеле во близина на либискиот брег.

Двата италијански чамци во неделата собрале 105 емигранти од расипаниот брод. Временските услови биле исклучително лоши, со бранови високи и до осум метри и температура од само неколку степени над нулата.

Имигрантите на палубата на малите чамци провеле околу 18 часови и на пат за островот Лампедуза 25 од нив умреле од хипотермија, соопштија италијанските власти, а пренесоа британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Трамп најави депортација на имигрантите од Хаити, откако ги обвини дека јадат кучиња

Во близина на село Табановце затекнати 13 мигранти од Сирија

Јанша за мигантската криза: Ѓаволот ја однесе шегата, вооружете се

Предраг Петровиќ

Двајца бугарски полицајци загинаа откако автобус со илегални имигранти удрил во нивниот автомобил

А1он

Судија од Тексас ја блокираше наредбата на Бајден, САД можат да продолжат со депортација на имигранти

Жарко Настоски

Бајден со укази ја запира агонијата на разделените семејства од Латинска Америка

Жарко Настоски