Велика Британија ќе биде првата држава што ќе додели средства во новиот фонд на ММФ за африканските држави погодени од епидемијата на ебола.
Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн наведува во соопштение дека Лондон ќе обезбеди 50 милиони долари.
Целта е државите погодени од ебола да потрошат помалку пари за долговите и повеќе за здравствени услуги со што ќе спасат живот на луѓе. Идејата на новиот фонд е да им се помогне на Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија да се справат со долговите кон ММФ во следните две години.