(ВИДЕО) Уште двајца уапсени во „Пуч“

Од:

Во акцијата „Пуч“ на МВР уапсени се уште две лица од мрежата на Верушевски кои признале дека работеле за пари и за странски служби.

Станува збор за едно 52 годишно лице вработен во МВР и уште едно 49 годишно лице поранешен вработен во МВР кој во 2013 добил отказ. Двајцата биле вработени во 90-тите години од минатиот век. Ќе одговараат за шпионажа и насилство врз највисоки државни органи.

Истрагата покажала вмешаност на овие две лица по што бил издаден налог за претрес и апсење.

-Давјцата биле ангажирани и работеле во корист на странска служба, превземајќи активности и чекори за кои биле богато финансики нагардени. Од првично направените проверки имотот на двајцата е несразмерно зголемен, односно анализите кои досега се направени покажуваат дека станува звор за  стотици илјади евра во готовина, но и во акции кои завршиле кај нив. Лицата се сомичат за кривични дела шпионажа и насилство према претставници на највисоките државни органи, истакна помошник минитерот за односни со јавност, Иво Котевски на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека по наредба на јавен обвинител извршен бил претрес на пет локации во домови и други објекти при што се запленети пет лаптоп компјутери, три куќишта од компјутер, 19 мобилни телефони од кои шест со сим картички, 100 ЦД и ДВД, 110 видео и аудио касети, 14 флопи дискови, 17 хард дискови, како и 9 штедни книшки.

Покрај тоа, додаде  откриени се четири  девзини книшки од Стопанска банка со штеден влог со вреднос од околу 13 илјади евра и  пет од Еуростандард банка од кои две девизни со штеден влог 24.600 евра и три денарски книшки со штеден влог од над 9 милиони денари.

Судија на претходна потапка на еден од уапсените му одредил мерка пртвор , а според првичните информации тој посочи  како го сторил делото за кое е осомничен.

МВР најави дека и во иднина ќе продолжи со истрагата за случајот Пуч во координација со Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов