Црвенковски: Интерпелацијата ќе покаже дека се работи за договорена криза меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Лидерот на СДСМ, најави дека во попладневните часови денеска, пратеничката група ќе поднесе барање, за гласање недоверба на Владата. Според Црвенковски владината коалиција во изминативе два месеци создава театар со кој ги загрозува меѓуетничките односи и токму тоа е целта на иницијативата, да се покаже дека таа одлично функционира.

„Во исто време кога економијата е катастрофална, а стандардот на граѓаните опаѓа, сведоци сме дека владата наместо да ги решава овие проблеми, креира нови“, рече Црвенковски.

Според него на денешната средба со опозицискиот фронт, сите дале поддршка за оваа иницијатива. На прашање упатено до лидерот на СДСМ, за најавите дека е можно  премиерот Никола Груевски да побара гласање за владата, пред опозицијата, Црвенковски рече дека тоа се поклопува со целите и намерите на опозицијата.

„Тоа не менува ништо, ние сакаме на јавна сцена, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да гласаат и да се покаже дека се работи за договорена криза. Единствено би се изгубило од дебатата, но тоа ќе значи дека и Груевски бега“, изјави Бранко Црвенковски.

Црвенковски рече дека СДСМ е подготвен за предвремени избори но, со прочистен избирачки список, во спротивно рече, опозицијата нема намера да учествува на фалсификувани избори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Власта ги излажа студентите, не го зголеми студентскиот оброк на 160 денари

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крадеше, правеше предавства и ги уништуваше институциите

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Орце собира тим од луѓе осудени за корупција и примање поткуп

А1он