Потребно е:
700-800 гр брашно
250 мл масло
150 мл вода
1 свеж квасец
2 лажичиња сол
Подготовка:
– Во еден сад разматете го квасецот со малку млака вода, половина лажиче шеќер и лажиче брашно. Ставете го овој сад на топло место за да надојде квасецот.
– Во подлабок сад ставете го брашното и во него додадете го стасаниот квасец, зејтинот, водата и солта. Замесете меко тесто. Тестото поделете го на два дела.
– Од секој дел расукајте правоаголна кора со дебелина од пола прст. Посипете секоја од корите со сусам и со сукалото натапкајте го сусамот во тестото.
– Од кората исечете стапчиња со димензија 1 см х 15 см. Секое стапче усукајте го.
– Стапчињата редете ги на тава обложена со хартија за печење.
– Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени додека не поруменат.