Хакиран сајтот на Курир

Од:

Кратко време во текот на денов беше хакиран сајтот на Курир, од како што беше наведено „Илирида“, со порака дека Охридскиот мировен договор не е исполнет и време е за нов договор.

Во соопштението истакнато на хакираната страна на Курир пишуваше дека историјата се повторува кога власта не сака да учи од неа.

kurirHaknat1245

-Охридскиот договор одигра историската улога за прекин на непријателствата, а сега е должност на сите политички партии да се заложат за решавање на отворените прашања и нерешените политички и национални прашања во Македонија. Ова може да се постигне само преку конструктивен дијалог, со помош на меѓународните демократски сили да се најдат форми и начини за решавање на нови проблеми без крвопролевање.

Затоа, како и вчера и денес, Македонија се соочува со отворен етнички конфликт. Ова не е демократска држава и како таква нема иднина. Иднината на Македонија е само во демократска децентрализација на централната влада, која се изразува преку концептот на регионална автономија, федерација или конфедерација.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ