Припадници на војската на Нигерија убиле 109 исламисти од екстремистичката група Боко Харем, која за прв пат изведе напад на градот Босо, соопшти Министерството за одбрана.
Во борбите исто така загинале и четири војници, како и еден цивил, а вооружен судир имало и во градот Дифа, каде што исчезнале двајца припадници на војската, а се повредени 17.
Во напад на градот Фотокол во Камерун, според наводите на очевидци исламистите убиле најмалку 70 лица.
Инаку во бунтот кој го покрена оваа организациај до сега животот го загубија илјадници лица, а раселени се повеќе од еден милион.
Исламистите од Боко Харем контролираат голем дел од североисточна Нигерија, а соседните држави ветија дека ќе испратат своја војска за да им помогне во борба против екстремистите, кои започнаа да ги напаѓаат и своите соседи.
Е. Г.