ВИДЕО: Семејство киднапирало момче, бидејќи било премногу добро

Од:

Четири лица во Линколн се обвинети за завера и киднапирање на шестгодишно момче, кое што било нивен роднина. Тие тврдат дека тоа го направиле бидејќи сакале да му помогнат да го научат дека треба да се чува и да не им верува на непознати лица, кои често претставуваат опасност.

Според наводите на полициските службеници детето го грабнал Нејтан Фировед кога тоа се враќало од училиште и го ставил во комби, а потоа му зборувал дека никогаш повеќе нема да ја види својата мајка и му се заканувал со пиштол.

Потоа му ги врзал рацете и нозете, му го покрил и лицето и го однел во домот каке што тетка му му ги соблекал панталоните и му рекла дека може да биде продаден на ланец за сексуална трговија, а потоа го однеле во подрумот.

Како што пренесуваат медиумите, неговата мајка Елизабет Хап, баба Роуз Бруер и тетка Денис Кроутил се обвинети додека Фировед се обидел да се извлече со образложение дека Кроутил го замолила да го киднапира момчето и малку да го исплаши, бидејќи било премногу добро.

Жртвата за инцидентот раскажала пред вработените во училиштето, кои што случајот го пријавиле во полиција.

Сите четворица осомничени се соочуваат со обвиненија за киднапирање, злоставување и занемарување на дете и моментално се наоѓаат во притвор, а одредеа им е и кауција од 250.000 долари.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас