На првата трка од годинашниов шампионат во Формула 1 за Големата награда на Австралија на стартот ќе се појават девет тимови.
Тимовите на Марусија и Катрехам имаа проблеми во минатата сезона. Тимот на Катерхам е во стечај, додека одбиено е барањето на Марусија да се натпреварува со ланскиот болид. На состанокот на групата за стратегија, Марусија не доби едногласна поддршка која беше потребна.
Во овој момент јасно е дека на стартот на „Алберт парк“ во Мелбурн на 15. март ќе се најдат следните тимови: Мерцедес, Ред Бул, Вилијамс, Ферари, Мекларен, Форс Индија, Торо Росо, Лотус и Заубер.