ЗНМ за наводното убиство во Солун: Професионален однос и одговорност, а потоа ексклузивност и сензација

Од:

Советот на честа уште еднаш повикува на професионален однос, етичко однесување и почитување на Кодексот на новинарите. Овде пред се мислиме на објавувањето на информацијата од страна на МРТ (и на други медиуми) дека грчки државјанин со македонско потекло наводно бил убиен во Солун од страна на припадници на ултра-националистичката партија „Златна Зора“.

После неколку дена ниту една надлежна институција во Македонија и Грција не ја потврди информацијата што ја пласираше јавниот сервис, со што стана јасно дека немало никакво убиство и дека станува збор за невистина и дезинформација, со која јавноста е доведена во заблуда, предизвикан е немир меѓу луѓето,  нивните чувства се повредени.

Зарем на уредници и медиуми со децениско искуство треба да им се укажува што и кој е официјален извор на информација и колку „тежи“ вест која потекнува од објава на социјалните мрежи ?

Со ваквиот однос, кој е непрофесионален, неетички и спротивен на одредбите од Кодексот на новинари, самите новинари ја девалвираат својата професија и ја спуштаат на ниво, јавноста во чиј интерeс работат да не им верува.

Медиумите и новинарството имаат посебна и важна улога во општеството.  Оваа професија не трпи несериозен однос, импровизација и непрофесионалност, како што тоа е направено во случајот со објавувањето на веста за наводното убиство на македонскиот студен во Солун.

Затоа, Советот на честа апелира на одговорен однос и почитување на новинарските правила и стандарди, наспроти објавувањето на непроверени и невистините информации во трката по ексклузивност и сензационалност, без да се размислува за штетата што при тоа е се прави.

(Интегрален текст од реакција на Советот на честа)

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје